x

Реал ќе го искористи Јовиќ за фудбалерот на Наполи

Реал Мадрид ќе се обиде да го искористи Лука Јовиќ за да го доведе Фабијан Руиз. Добро е познато дека српскиот фудбалер не се наигра во дресот на „кралскиот“ тим оваа сезона, постигна два гола во 15 во настапи.

Наполи е еден од оние клубови кои често пати се споменуваше како потенцијална дестинација на Јовиќ, сценарио кое најмногу му одговара на Реал, на овој начин челниците на клубот најлесно ќе успеат да го доведат Руиз.

Тој веќе долго време е главна мета на Зинедин Зидан, Наполи е подготвен да го пушти за 60 милиони евра. Покрај Јовиќ, Реал ќе мора да додаде одредена сума на пари.

Руиз оваа сезона беше еден од главните играчи на Наполи, запиша два гола и две асистенции.

Покрај Реал Мадрид за овој играч интерес покажа и Барселона, ќе биде интересно да се види завршницата околу Руиз.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата