x

Реал ја потврди разделбата: Кампацо оди во Денвер Нагетс

campazo

Реал Мадрид денеска со соопштение и официјално се збогуваше со Факундо Кампацо. Во истото се вели дека „тие се согласиле да го прекинат неговиот договор“.

Добро беше познато дека аргентинскиот плеј ќе ја плати својата клаузула за раскинување од шест милиони евра (тоа ќе го стори на рати) за да го напушти тимот од Мадрид кога ќе се отвори пазарот за слободни агенти во НБА лигата. Тој постигна договор со Денвер Нагетс во следните две сезони и ќе с епроба во најсилната светска лига.

Аргентинецот заминува од Реал со со 11 титули: два европски купа, три шампионски пехари, два куп трофеи и четири супер куп одличја.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата