x

Реал ја помина Барса по број на трофеи 92:91 (ФОТО)

Реал ја освои шампионската титула во Шпанија по 34. пат во својата историја. На тој начин Реал стигна до 92. трофеј, eден повеќе од најголемиот ривал Барселона.

Покрај 34 титули во Ла Лига, Реал Мадрид има 19 трофеја од Купот на Шпанија, 11 од Суперкупот на Шпанија и еден од Лига купот.

Тука се уште 26 меѓународни трофеја: Лига на шампиони (13), Куп УЕФА (2), Суперкуп на УЕФА (4), Интерконтинентален куп (3), Светско клупско првенство (4).

Нивниот тренер Зинедин Зидан им го донесе на „кралевите“ 11 трофеј. Францускиот тренер три пати ги предводеше „кралевите“ до титулата во ЛШ, по два пати до трофеите во Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија.

Двапати беше шампион на Шпанија (2016/17 и 2019/20) и два пати светски клупски шампион.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата