x

Реал со молба до своите фанови

Реал Мадрид е на два бода до титулата, откако славеше на дуелот со Гранада со 2-0. На две кола до крајот на „кралскиот“ тим му е потреба победа над Виљареал во четврток за да ја осигура 34. титула во својата историја.

„Сите сме свесни дека сме тешка ситуација поради пандемијата коронавирус. Фудбалот исто така игра улога во тоа и со помош на сите успеавме да продолжиме да се натпреваруваме во исклучително сложени околности.

Сите ние треба да дадеме свој придонес, како што беше случај досега, и да покажеме најголема одговорност да избегнеме ризик од инфекција.

Им се заблагодаруваме на сите фанови за разбирањето. Триумфот би требале да го споделиме со навивачите, но свесни сме за моменталната ситуација, па мораме да бидеме претпазливи, и да ги превземеме сите неопходни мерки“, се вели во соопштението на Реал.

Клубот вели дека секој друг потег по евентуалниот триумф ќе биде чекор назад во битката со пандемијата коронавирус.

Шпанија е една од најпогодените земји, има околку 250.000 заразени, а дури 28.000 луѓе го загубија животот.

Реал Мадрид последен пат на тронот на Шпанија се искачи во 2017 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата