– Бернд Шустер е подобар тренер од Жозе Мурињо, изјави претседателот на Реал (М) Рамон Калдерон. Тој направи споредба на прашањето кој меѓу двата млади тренера би сакал да го види на клупата на “кралевите”, ако сегашниот Фабио Капело си замине на крајот од сезонава.

– Стилот на играта што го негува Шустер повеќе ќе и се допаѓа на пребирливата публика на Бернабеу, додава Калдерон, кој изјави дека ќе мора да разговара со Капело за неговите планови за идната сезона.

– Капело има договор уште две години, но не знаеме дали ќе замина на крајот од сезонава. Можеби нема да сака да остане со нас, вели Калдерон.

Од своја страна, пак, Капело изјави дека е подготвен да го одработи договорот до крај.

– По завршување на сезоната ќе седнеме и ќе разговараме за тоа прашање. Сакам да го исполнам договорот, дури и ако работите не одат најдобро. Другото зависи од претседателот, вели Капело.