x

Реал (М) останува без Карвахал во следните два месеци

karvahal

Десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал, ќе отсуствува од терените околу два месеци, објави „Марка“. Шпанскиот репрезентативец заработи повреда на коленото за време на денешниот тренинг и малку подоцна беше подложен на лекарски прегледи, по што беше потврдено истегнување на лигамент во коленото.

Карвахал го пропушти и последниот натпревар на „кралевите“ со Ваљадолид во средата навечер и нема да биде достапен за првото „Ел Класико“ оваа сезона кое ќе се игра на 25 октомври.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата