x

Реал (М) никако да почне преговори со Варан за нов договор

Реал Мадрид досега не успеал да започне преговори со дефанзивецот Рафаел Варан за продолжување на неговиот договор. „Кралевите“ се подготвени на 27-годишниот Французин да му понудат договор до летото 2025 година, но преговорите во моментов се замрзнати.

Варан се пресели во Реал Мадрид летото 2011 година од Ленс за 10 милиони евра. Оваа сезона централниот дефанзивец учествуваше на 23 натпревари од шпанското првенство. Неговиот договор со Мадрид е до летото 2022 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата