x

Реал му најде нов клуб на Јовиќ, го праќа во Италија

zidane-jovic

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ ќе мора привремено да го напушти Реал Мадрид, откако Зидан му соопшти дека не е во неговите планови за новата сезона. Според дел од српските медиуми, Рома е можна следна дестинација за Јовиќ кој би заиграл во Серија А како позајмен фудбалер.

Римјаните ќе останат без Един Џекој кој треба да оди во Јувентус и се очекува да биде заменет со Аркадиуш Милик од Наполи. Сепак, доколку не го завршат тој трансфер од 25 милиони евра, првите луѓе на Рома ќе се свртат кон српскиот репрезентативец.

Јовиќ досега неколку пати беше во контакт со италијански клубови како Милан, Интер и Наполи, но се споменува и можно враќање во Германија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата