x

Реал Мадрид не полета за Сан Себастијан поради дефект на авионот

screenshot_2-6

Реал Мадрид го одложи патувањето за Сен Себастијан закажано за во 12 часот поради дефект на авионот кој требало да ги превезува фудбалерите на „кралскиот“ тим. Според тамошните медиуми станува збор за проблем со хидрауличниот систем.

Експедицијата на тимот од Мадрид во моментов бара нови конекции за да стигне до посакуваната дестинација. Реал вечерва во 21 часот му гостува на Сосиедад во Ла Лига.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата