x

Реал Мадрид лобира за Лука Дончиќ (ВИДЕО)

По првото пребројување на гласовите Лука Дончиќ имаше најмногу гласови за место на Ол-стар натпреварот од сите НБА играчи. Тој доби 1.073.957 гласови, што и не е чудно ако се знае дека покрај Европа веќе агресивно ги освојува и фановите во САД со она што го прикажува на теренот.

Во поддршката за Словенецот се приклучува и Реал Мадрид, клубот во кој тој мина шест години од кариерата, односно беше таму од својата 13-та година. Шпанскиот клуб на социјалните мрежи започна кампања за поддршка на Дончиќ.

„Еден од нас пишува историја во НБА. Гласајте за Лука Дончиќ да биде Ол-стар во 2020 година”, вели Реал во двоминутно видео од најдобри потези на Дончиќ во дресот на кралскиот клуб.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата