x

Реал Мадрид има сериозен проблем

perez-planovi

Реал Мадрид се соочува со голем проблем пред стартот на сезоната, а тој се вика Герет Бејл. Фудбалерот на Велс не дозволува на да биде продаден, ниту пак седнува да разговара за негово заминување.

Бејл уште на стартот им порача на челниците на клубот дека треба да го исплатат доколку сакаат да се ослободат од него. Но, оваа опција не му се допаѓа на Флорентино Перез. Бејл има уште две години од доворот со кралскиот тим, а во една сезона заработува 17 милиони евра, што значи дека Реал треба да му искешира 34 милиони евра.

За сега од страна на Бејл нема желба за разговор, останува да одлучи Реал дали ќе го трпи или ќе го исплати.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата