x

Реал Мадрид годинава ја заврши со финансиски плус

a200c370-c189-4c17-8193-3103a7824eac

Иако што се однесува до парите во фудбалскиот свет, годинава не е очајна туку катастрофална сепак, има клубови како на пример Реал Мадрид кои на контото имаат и плус средства.

Ова го пбјави првиот човек на клубот Флорентино Перез  кој на собранието на клубот објави дека Реал Мадрид е во плус 313.000 евра.

„Приходите паднаа од  822 на 715 милиони евра. Направивме добар план како да ги змалиме трошоците, во договор со сите направивме кратење на платите, и со добра работа во преодниот рок успеавме да ја заклучиме оваа финансиска година успешно со оглед на ситуацијата“ – изјави Перез.

Мадир за време на летниот преоден рок продаде десетина фудбалери кои не му беа неопходни, а имаа огромни плати, а зема и кредит за реновирање на стадионот кој доспева за плаќање дури во 2023 година. Тоа се моменти кои во многу помогнаа Реал Мадрид да успее да се справи со ситуацијата како што треба.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата