Најпопуларната ТВ куќа во Чешка во понеделникот се најде во фокусот на јавноста поради скандалот во реалното шоу што се емитуваше за нејзините гледачи. Тоа беше откажано поради тоа што некои од учесниците изјавиле дека по професија се порно актери. Радек Џон, директор на шоуто на ТВ Нова, изјавил дека емитувањето на дневната програма било прекинато поради вчудовидувач ко признание. Се почнало минатата недела кога една од учесничките признала дека позирала за порно видео снимки и фотографии на интернет. Потоа, неколку учесници се заканиле со тужба до телевизијата поради раскинувањето на договорот со нив и изјавиле дека останале без работа, затоа што им биле ветени 7.500 куни (300 долари) неделно да учествуваат во шоуто. Цел на ова шоу било да се пронајде идеална брачна двојка во група од 12 мажи и 12 жени. Учесниците биле составувани во двојки, а потоа давале интервјуа директно на ТВ. По два месеца, публиката требала да го избере најкомпатибилниот пар, а потоа да ја гледа и нивната венчавка. Директорот Радек изјавил дека вечерното реално шоу морало да биде прекинато по изјавите на учесниците кои биле несоодветни за помладите гледачи. Освен тоа на интернет почнале да се појавуваат фотографии на разголените учесници или слични лица на нив, што довело до стравување дека тие го користат шоуто за да напредуваат во своите порно кариери. “Ние баравме идеална невеста, а не популарен сексуален објект”, изјавиле од ТВ “Нова”.


ФОТО: ЕСТЕР ЛАДОВА, ЕДНА ОД УЧЕСНИЧКИТЕ НА ПРЕКИНАТОТО РЕАЛНО ШОУ, СО БОГАТА ПОРНО КАРИЕРА НА ИНТЕРНЕТ