x

Реакција на тетовци: Шкендија е единствена, сакаме поддршка за дуелот со Ботошани!

skendija-logo

По повод вчерашните написи во одредени медиуми, доцна синоќа раководството на ФК Шкендија излезе со официјална реакција или соопштение.

СПОРТМЕДИА во целост ви го пренесува:

Шкендија се чувствува повикана да реагира преку соопштение за јавност со цел да ги демантира написите во одредени медиуми за нашиот клуб. Да се биде во пресрет на важен натпревар како дуелот во четврток со Ботошани во второто коло од квалификациите за УЕФА Лигата на Европа, крајно неприфатливо е да се стреми кон дестабилизација на тимот и техничкиот штаб само неколку дена пред самиот натпревар. Сите во Шкендија во моментов го насочуваме нашето цело внимание да бидеме што поподготвени и со напор во потрага по следниот успех во европските купови и во првенството, и за остварување на оваа цел очекуваме да имаме поддршка од навивачите, јавноста, но и од медиумите. Убаво ќе биде коректно да се објавуваат вестите поврзани за нашиот клуб“ се вели во соопштението.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата