x

РБ Лајпциг сега сам му го нуди Вернер на Ливерпул

Ливерпул е пред постигнување договор за трансфер со Тимо Вернер. По најавите дека Ред Бул Лајпциг планираат да го донесат Милот Рашица од Вердер, „црвените“ добиваат отворен пат кон потписот на германскиот репрезентативец.

Напаѓачот на Вердер Бремен летово се поврзуваше и со трансфер во Ливерпул, но Лајпциг, наводно, го идентификувал како потенцијална замена за Тимо Вернер. Германските весници велат дека Лајпциг е близу до завршување на зделката за Рашица, а потоа веднаш ќе му го понуди Вернер на Клоп.

Лајпциг планира за Вернер да добие околу 50 милиони фунти, но можно е и да ја намали цената со оглед на тоа што овие пари ќе им бидат потребни за да ги покријат трошоците за Рашица кои се проценуваат на околу 36 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата