x

Рајт за методите на Венгер: Ни „шибаа“ инјекции и таблетки за да бидеме издржливи

Поранешниот напаѓач на Арсенал Ијан Рајт го пофали својот екс-тренер во Арсенал Арсен Венгер признавајќи дека Французинот бил пред времето со своите методи на работа. Причината за тоа е што Венгер ги терал своите играчи да земаат витамински инјекции и таблети, за да ја подобрат физичката состојба. Кога Венгер пристигнал во Арсенал од јапонската Нагоја во 1996 година, ја променил визијата на „топчиите“. Вовел сосема нови техники на тренирање. Тоа донесе и три премиерлигашки титули и седум куп трофеи за 22 години престој на Французинот во Северен Лондон.

Рајт кој даде 185 гола за клубот и е втор на листата на стрелци зад Тиери Анри, ги откри методите на Венгер.

Требаше да користиме инјекции и витамини. Венгер беше загрижен за оние постарите фудбалери и за тоа дали ќе издржиме после толку многу натпревари во една сезона. Јас со Виеира отидовме кај еден човек во Франција. Тој ни кажа што да правиме, ни ставија инјекции и ни дадоа таблетки. Неколку пати бевме кај него“, изјави Рајт.

Се сеќавам кога почнавме со подготовките, повеќето фудбалери повраќаа. Ли Диксон и Тони Адамс ги болеше стомак и имаа вртоглавица“, изјави екс-англискиот напаѓач.

Алан Ширер кој играше за Њукасл во 1997 година, кога Арсенал го освои ФА Купот, се пошегува дека трофејот треба да им се додели на „црно-белите“ затоа што „топчиите“ користеле наркотици. Рајт се смее на тие изјави на Ширер:

Во пракса тоа се работи кои се користат денес – витамин Ц, Б6, Б12 и Омега-3. Венгер беше далеку пред времето. Тогаш никој не користеше тоа. Пред да дојде јадевме лоша храна: чипсови, пити, хамбургери… Венгер не повика и ни рече: Можеби нема да се чувствувате добро, но мора да издржите. Од сега ќе јадете тоа што ќе ви кажеме и ќе тренираме како што ќе ви кажеме. Тој беше апсолутно во право. Најпослушни беа: Бергкамп, Пети, Виеира, Анелка. Англичаните беа малку поскептични. Ни беа дадени таблетки и сите се чудевме што ли прави овој човек. Но со тек на времето се чувствувавме подобро и бевме многу физички подобри од другите“, вели Рајт.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата