Благодарение на 18-годишниот напаѓач, Маркус Рашфорд, екипата на Манчестер Јунајтед ја запиша и третата победа во новата сезона од англиската Премиер лига.

Репрезентативецот на Англија влезе во самиот финиш од првенствениот дуел против екипата на Хал Сити, но во 93 минута го искористи совршеното додавање на Вејн Руни и го постигна единствениот погодок на натпреварот.

Среќен сум со мојот учинок. Вредно тренираш за вакви работи, и ете мене ми се оствари. Неверојатно е да бидеш опкружен со вакви играчи, какви што има Манчестер Јунајтед. Се надевам дека ќе продолжиме во ист, победнички стил, изјави Рашфорд.