Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски дефинитивно ќе ја напушти функцијата бидејќи пред месец и половина си поднел оставка, а кој ќе го наследи, засега нема одлука.

Генералниот секретар Драги Рашковски поднесе оставка пред месец и пол, тој ја извршува функцијата додека не дојде нов. Правиме консултации сè уште, лично јас како претседател на Владата кој сум овластен предлагач и ќе има нов генерален секретар. Немам донесено одлука, штом ќе ја донесеме, ќе соопштиме, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Досега во јавноста немаше официјална потврда дека Рашковски ќе ја напушти функцијата, но се шпекулираше дека на негово место може да дојде поранешниот министер и пратеник Дамјан Манчевски.

Меѓутоа, тој неодамна соопшти дека ја напушта политиката и се сели во приватниот сектор.