Треба ли Рашковски да оди во изолација и дали Владата на Македонија  е новиот кластер на заболени од коронавирусот. Според информации до кои дојде Инфомакс вработена во Владата по потекло од гостиварско е позитивна на коронавирусот.

Од она што Инфомакс го има како инфромација во Владата не само што не се почитувале мерките за заштита, вработената позитивна на Ковид 19 била редовна на своето работно место и покрај ризичните контакти кои ги имала.

Таа била вработена во Генералниот секретаријат во Владата каде што својата канцеларија таа ја делела со 30 други вработени.

Инфомакс дознава дека Генералниот секретарот на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски поради работни обврски имал директна и интензивна комункација деновиве со вработената, но официјално се уште не е во изолација.

Проблематично е што во самата Влада не се почитуваат мерките, 30-тина луѓе се наоѓаат во една канцеларија, а во изолација не се наоѓа ниту еден вработен.

Покрај комуникацијата со Рашковски и вработените во Секретаријатот вработената имала комуникација и со други сектори, човечки ресурси и други раководители на дневна основа.

Извор: Инфомакс