Пред неколку години, италијанскиот трач печат, едноставно “вриеше” од заедничките фотографии на тогаш среќната брачна двојка, Винченцо и Рита Монтела. Фудбалерот на Рома, познат како “Аеропланино”, поради атрактивното прославување на своите голови, беше секогаш насмеан во друштвото на убавата ТВ-водителка и актерка, но нивниот брак едноставно не можеше да издржи. Монтела имаше длабока криза, тоа му се одрази и преку слабите игри во Рома, но, минатиов месец, тој се преороди. Причината е-прекрасната танчерка и водителка на италијанската ТВ, Рашела Ди Фјоре, која е позната по своите врски со фудбалерите. Двајцата велат дека се пресреќни, иако не живеат во иста куќа: – Со Винченцо се сложуваме во се, и двајцата имаме секојдневни тренинзи, сакаме музика, уметност, а јас одам на секој меч на Рома. Се додека не го добие и официјално разводот од Рита, со која има син, решивме дека ќе живееме во одвоени куќи, изјави Ди Фјоре. Врската со Рашела има големо позитивно влијание врз Монтела. Тој повторно ги тресе противничките мрежи и моментно со 17 голови во дресот на Рома е најдобар стрелец во италијанската Серија А. Истовремено, тој е и лидер во трката за “Златната копачка” на Европа, пред напаѓачот на Арсенал Тиери Анри (16) и Камерунецот во дресот на Бареселона Ето (15 голови)