Лидерот на Социјалдемократската партија Ивица Рачан опериран е во Клиничниот центар во Загреб, соопшти најголемата опозициска партија во Хрватска, наведувајќи дека на поранешниот премиер со гама-зрачење му се уништени елементите на тумор во пределот на главата.
Според соопштението на Кабинетот на СДП за односи со јавноста, Рачан се чувствува подобро по зафатот со кој му се отстранети метастазите на претходно отстранетиот тумор, пренесува МИА.

Рачан преку СДП апелираше до медиумите за право на приватност и лекување во мир. Откако на 31 јануари ја информираше јавноста дека поради тешката болест на одредено време ќе се повлече од јавниот живот, Рачан беше сместен во клиника во Минхен, каде што му е дијагностициран карцином.

Шефот на СДП по две операции на тумор во Минхен се врати во Загреб на 10 март и до сега беше на домашно лекување.