x

Раул им го нанесе вториот пораз на Лазаров и Нант

raul-i-kire

Нов пораз за Кирил Лазаров и Нант, но овој пат во францускиот шампионат. Тимот на нашиот капитен на домашен терен беше совладан од ПСЖ предводен од Раул Гонзалез со 24-26.

Винсан Жерар бранеше неверојатно, имаше 19 интервенции.

Кире мечот го заврши со четири гола од десет обиди, сите ги постигна во второто полувреме.

Нант поголем отпор пружи во првиот дел, во кое имаше и водство, на одморот гостите имаа минимална предност од 11-12.

Во продолжение ПСЖ одржуваше и позитива од четири гола. За Раул и неговите момци ова беше 11 победа во исто толку одиграни натпревари. Нант пак го запиша само вторт пораз.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата