x

Ратко Достаниќ: Работнички мора да донесе двајца класични офанзивци!

Веќе неколку дена, и тоа по пауза од три месеци, одново е живо во Градски парк. Работнички и официјално тргна со подготовките во пресрет на сезоната 2020/2021. Како по обичај така и ово лето, клубот од Градски парк го напуштија неколку играчи, но затоа се ангажирани Кристијан Стојкоски, Муарем Муарем и Фисник Зука. Договорите ги продолжија Јанков, Пецов и Стојков, се преговара за нови договори со уште неколку, но топ – тема на сите во клубот е како да се засили нападот, посебно по заминувањето на Давид Тошевски и Марио Крстовски…

За ова за СПОРТМЕДИА свој коментар има Ратко Достаниќ, шефот на струката на “романтичарите“…

Искрено сите ние знаевме дека Давид ќе прави трансфер и тука нема дилеми, се знаеше дека и Марио ќе се врати во Академија Пандев, и затоа сега ни се потребни засилувања, односно два шпица. Секој ден ни е драгоцен, нас ни се брза, но не смееме да ризикуваме да донесеме нешто што ќе се покаже дека не е за Работнички. Факт е дека Тошевски силно ќе ни недостига, и поради головите и поради фактот што тој одлично знаеше што се бара од него. Давид многу работеше на теренот, малиот беше одличен, но сега е време за некој нов Давид“ малку во шега вели Достаниќ.

Инаку тој има само пофални зборови за Стојкоски, Зука и Муарем…

Со нив тројца го добивме тоа што го сакавме во овој преоден рок. Станува збор за квалитетни играчи, и јас очекувам од нив брзо да се вклопат во нашиот стил на игра. Ние знаеме дека Муки имаше голема пауза, и него ќе му треба време да се врати, додека Стојкоски и Зука веќе покажуваат со својот однос на тренинзите дека станува збор за исклучителни професионалци. Се надевам дека брзо и Петар Петковски ќе ни се придружи, има големи шанси и тој да остане, така да полека се екипираме, реков дека само ни недостигаат класични офанзивци“ истакнува Достаниќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата