x

Ратко Достаниќ: Најважни се трите бода!

ratko

Работнички против Беласица успеа да победи со 2:0 и успеа да ги освои првите три бода сезонава. Целосно заслужено тимот на стратегот Ратко Достаниќ стигна до победата, немаше да биде незаслужено ако триумфот беше изразен со повеќе голови во мрежата на струмичани.

Тренерот на Работнички за СПОРТМЕДИА има свое видување за самиот меч.

Ми се допаѓа таа позитивна реакција на нашите играчи по оној пораз во Ѓорче. Јас им честитам, покажаа залагање, желба за победа. Според мене на вакви мечеви, против една цврста екипа како Беласица, најважни се трите бода. Ние мора уште на стартот да освојуваме бодови, тоа за нас е многу важно. Секако дека очекувам да биде подобро и кога ќе почна да играат Стојков и Муарем. Инаку ме радува настапот на Фахрудин Ѓурѓевиќ. Постигна два гола од три шанси, тоа е добро за неговата самодоверба. Само нека продолжи во тој ритам“ рече српскиот стратег.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата