На патниот правец А3 Каменица – Делчево одронот е расчистен и патот е оспособен за сообраќај за сите видови на возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Поради одронот, сообраќајот на патот од утрово беше во прекин. Лесните возила се движеа преку патниот правец Виница – Бигла –Делчево, додека тешките теретни возила исклучиво само преку Берово.

извор: Makfax