Индексот на довербата на инвеститорите, кој го пресметува германскиот економски институт ЗЕВ, порасна во јуни за 12,8 поени, на 19,2 поени, што е најголемо ниво од септември 2015 година.

 Подобрената економска клима е сигнал дека финансиските експерти се убедени во отпорноста на германската економија. Сепак, општите економски услови остануваат голем предизвик, а со исклучок на слабата глобална економска динамика, референдумот во Велика Британија е тој кој предизвикува неизвесност, изјави претседателот на ЗЕВ, Аким Вамбах.