По растот од 0,4 отсто од првите два квартали на минатата година, БДП на Германија во целата 2015 година се зголемил за 1,7 отсто, поттикнат пред се со владината потрошувачка и потрошувачката на домаќинствата.

„Надворешните услови се веројатно клучните причини зошто компаниите со поголема внимателност гледаат на наредните шест месеци. Сепак, вкупните економски услови за бизнис на компаниите и понатаму се поволни”, се наведува во февруарскиот извештај на германското министерство за финансии.

Во 2014 година, Германија оствари вишок од 8,9 милијарди евра, односно 0,3 отсто од БДП. Со тоа германските јавни финансии две години по ред заклучија во плус.

За 2016 година, Владата во Берлин предвидува раст од 1,7 отсто,

Според прописите на еврозоната, членките не смеат да бележат дефицит помал од три отсто од БДП, односно суфицит поголем од шест отсто од БДП.