Dow Jones скокна за 228 поени, или 1,39 отсто, на 16,620 поени, додека S&P 500 порасна 1,45 отсто, на 1.945 поени, а Nasdaq се намали за 1,47 отсто, на 4.570 поени.

Сите 10 сектори од S&P 500 индексот остварија раст, при што најмногу, за 2,2 отсто, пораснаа цените на акциите во енергетскиот сектор, по што цената на нафтата на американскиот пазар скокна за над 6 отсто.

Растот на цената на нафтата се должи на процените на Меѓународната агенција за енергетика дека во оваа и во следната година ќе падне американското производство од шкрилци, што би можело да ја намали преголемата понуда на нафта на глобално ниво.

Силно, за 1,9 отсто, порасна и цената на акциите во рударскиот сектор бидејќи цената на металот порасна благодарение на надежите на инвеститорите за јакнење на производството.

И на европските берзи цените на акциите вчера силно пораснаа. Лондонски FTSE индкес зајакна 1,47 отсто, на 6.037 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 1,98 отсто, на 9.573 поени, а париски CAC 1,79 отсто, на 4.288 поени.