Шест нови лица се позитивни на Ковид-19 денеска според податоците од Министерството за здраство со коронавирус во Кичево, со што вкупниот број заразени со Ковид-19 во општината се искачи на 92, од кои 77 се активни, 12 се излекувани и три лица се починати.

Новозаболените шесте лица се во добра општа здраствена состојба, се лекуваат во домашни услови и под контрола на нивните матичени лекари , рече д-р Станко Трпески, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките дадени од надлежните здравствени институции.