Денеска во Скопје се забележани нови позитивни случаи на Ковид 19 во градинките Росица во Ѓорче Петров, во објектот Кокиче, во градинката Буба Мара, Лавче, во Аеродром и во градинката Кочо Рацин во Центар, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Неодамна, министерката Јагода Шахпаска, рече дека е очекувано да расте бројот на заболени негователки и учителки во градинките, со оглед на ситуацијата со пандемијата.