Пожарите во Австралија ја зедоа и третата жртва неделава. Огнената стихија го зафати југоисточниот брег на Австралија, а едно лице се води како исчезнато. Вкупно 12 луѓе, меѓу кои и тројца пожарникари доброволци, досега загинаа во пожарите кои со месеци горат низ Австралија.

Австралија распореди воени бродови и авиони за да им помогне на заедниците опустошени од пожарите кои уништија куќи и раселија илјадници жители.

извор: Makfax