Откако во јавноста излезе веста дека Стефан Ѓуриќ-Раста денес бил уапсен среде Белград, потврда стигна и од Вишото јавно обвинителство во Белград од каде велат дека раперот ќе биде задржан во притвор до 48 часа. 

Откако Раста бил уапсен затоа што кај себе имал 5 г недозволени супстанци, полициските службеници го претресле и неговиот стан во кој бил најден килограм од истите.