Индексот Dow Jones зајакна за 0,84 отсто, на 16.739 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,87 проценти, на 1.995 поени, а индексот Nasdaq за 0,59 отсто, на 4.889 индексни поени.

Растот индексот втор ден по ред е најмногу благодарение на скокот на цените на нафтата за речиси 6 отсто, откако беше објавено дека минатата седмица резервите во САД паднале, што навестува зајакнување на продажбата.

Така, S&P индексот на енергетскиот сектор скокна за 2,8 отсто, а со раст од 1,4 проценти следеше рударскиот сектор, бидејќи пораснаа и цените на другите сектори. Од 10-те сектор на S&P 500 индексот во средата на вредноста за благи 0,2 отсто, загуби само телекомуникацискиот сектор.

„Енергетскиот сектор беше иницијалната искра, а знаците за закрепнување на овој сектор ги дадоа поттикнувањата за инвеститорите и за купување акции во другите сектори”, вели за Reuters Питер Јанковскис, директор во компанијата „OakBrook Investments”. Истакнува, меѓутоа, дека се тргуваше претпазливо, бидејќи аналитичарите се поделени во врска со исходот од во среда започнатата дводневна седница на челниците на американската централна банка.

Имајќи го предвид стабилниот раст на американката економија, дел од аналитичарите сметаат дека Federal Reserve (Fed) има аргументи, првпат од 2006 година, во четвртокот да ги зголеми клучните каматни стапки кои уште од глобалната криза се движат на рекордно ниски околу нула отсто.

Другите, пак, сметаат дека Fed поради потресите на финансиските пазари, предизвикани од неодамнешната девалвација на кинескиот јуан и слабеењето на тамошната економија, ќе го одложи зголемувањето на каматите, барем за еден месец. Тоа прашање од клучна важност за пазарите, бидејќи доколку Fed ги зголеми каматите, пазарот би ја загубил алатката кој со години го поттикнуваше растот на цените на акциите.