За време на „распродажбата” за апсурдна цена од едно пени купувачите можеле да набават мебел, облека и разни други производи, што тие великодушно го искористиле се додека не бил откриен дефектот и продавањето не било запрено.

Техничарите утврдиле дека за ваквиот пропуст е одговорна алатката Репрајсер Екпсрес, која „Амазон” ја користи за автоматска корекција и промена на цените на производите.

Од „распродажбата” најголема штета претпеле помалите компании, чии спственици стравуваат дека би можеле да пропаднат доколку мораат да ги испорачаат нарачките.

– Кога видов што се случува веднаш побарав од „Амазон” да ги запре испораките, но продажбата на моите производи по цена од едно пени продолжи на натаму, изјави Џудит Блекфорд од компанијата „Кидиманија”, која додава дека поради техничката грешка претрпела загуба до 20.000 фунти.