x

Распад – систем во Барселона: Оставки на клучните луѓе и тоа поради претседателот!

Што ли се случува во Барселона? Криза во раководството на клубот која не се памети, потоа и криза во односите на Меси со претседателот Бартомеу. Се чини допрва ќе излегуваат „бисери“ од водењето на клубот, за начинот на тоа што го прави Бартомеу. Го викаат „диктатор“, а од синоќа остана и без клучните луѓе во клубот.

Имено шест членови на раководството на клубот си поднесоа оставки и си заминаа од Барселона. Тие за таа своја одлука ги запознаа останатите членовите на клубот, навивачите и јавноста, со заедничко писмо. 

Една од главната причина за таа „битка“ со Бартомеу,  е тоа што останатите луѓе од раководството застанале на страната на Меси, а притоа биле обвинети од претседателот дека издавале информации од клубот до медиумите. Нешто такво излезе по наводниот (не)договор со играчите за кратење на платите. Сега од Бартомеу се бара нови претседателски избори, или тие да бидат порано од предвидените за лето следната година.

Во секој случај ќе биде интересно на Камп Ноу…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата