x

Расистички скандал: Грците сами си го нарекоа Адетокумбо – МАЈМУН!!!

adetokumpo

И тоа го има, и тоа во Грција. Константинос Калемис, член на Советот на Европа и координатор за бегалците во грчкото Министерство, е отпуштен поради расистички навреди кон репрезентативецот на Грција и мега – ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо.

И покрај неговата сериозна функција во власта, Калемис си дозволил да го искритикува на многу непристоен начин еден од најдобрите кошаркари во светот, воедно и негов сонародник, користејќи ги зборовите “нигер“ и “мајмун“.

“Што рековме дека овој мајмун правеше?, О, да, тој игра кошарка. Индиферентен, дури и незначителен. Тој треба да знае кој ја прослави Грција во овој спорт. Тој не е човек, тој е нигер…“ се вели во изјавата на Калемис.

Навистина ужасно, срамно.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата