Имено, 25-годишниот Тајга пристигнал во клубот „ЕнВоуг” со големо задоцнување и наместо предвидениот настап од еден час, испеал само неколку песни во траење од вкупно 10 минути, по што се упатил кон своето возило.

Но, бесниот сопственик на клубот се упатил по него и почнал да вика по раперот, по што меѓу нив дошло до расправија и физичка пресметка. Тепачката ја прекинале телохранителите на Тајга, кои го извлекле раперот и го однеле во неговото возило.

По инцидентот, Тајга се огласи на Твитер, порачувајќи дека „не е ничиј роб” и дека не сака да биде малтретиран ниту тој, ниту „неговите луѓе”.

Од како во 2008 година влегов во оваа игра, луѓето се обидуваат да го извалкаат мојот бренд. Не сакам да зборувам премногу. Ги мразам интервјуата и се што доаѓа со славата, напиша Тајга на својот налог на Твитер.

Инаку, за време на настапот и инцидентот Тајга бил придружуван од 17-годишната Кајли Џенер, за која веќе со месеци таблоидите тврдат дека е негова девојка.

Погледнете го видеото.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=yKHdWwnxSNY#t=33]