Надуеност, пребрзо чувство на ситост и болка во карлицата

Сите наведени симптоми можат да бидат симптоми на рак на јајници, па најдобро би било доколку ги имате да одите на лекар. Знак за оваа малигна болест може да биде и честата потреба од одење во тоалет. Сепак, не кревајте паника зашто може да станува збор и за помалку опасни причини.

Болно мокрење, абнормално крварење после менопаузата

Проблеми со мокрењето и необичен вагинален секрет или крварење (особено после менопаузата) се некои од симптомите на рак на матката.

Депресија, губење на тежината, промена на бојата на урината и кожата

Депресијата и губењето на апетитот се често претходници на ракот на панкреас, а некои од раните симптоми се и темна урина и столица со боја на глина, како и промена на бојата на кожата. Сите овие се сериозни симптоми поради кои треба да отидете на лекар.

Промена во работата на цревата и крв во столицата

Доколку имате пролив или запек што траат повеќе од неколку дена или ректални крварења, темна столица и крв во столицата, тоа можат да бидат причини за загриженост. Се што е наведено се воедно и симптоми за рак на дебелото црево.

Промени на кожата, зголемување на лимфните јазли под пазувите

Знаците за предупредување за рак на дојките за многумина се различни, но најважно е да се внимава на промените во изгледот на дојките и брадавиците. Задебелувањата на дојките или под пазувите можат да бидат симптоми на оваа малигна болест. И црвенилото на дојката исто така може да биде знак за рак на дојка. Промени во величината, обликот и бојата на бемките и пегите, можат да упатуваат на меланом.

Засипнатост, отежано дишење, болка во рамото

Честата кашлица и засипнатоста можат да упатуваат на рак на белите дробови, а само затајувањето на гласот може да биде симптом и за рак на грлото или штитната жлезда. И болката во рамото може да биде знак за тумор што расте, пишува galtime.com.