Новинарката Оливера Лакиќ, oд дневниот весник „Вјeсти“, која беше ранета во ногата пред влезот на својот дом во Црна Гора, е пуштена од болница.

Лакиќ беше застрелана во вторникот пред зградата во која живее на булеварот „Свети Петар Цетински“ во Подгорица. Таа беше ранета во ногата. Според „Вијести“, Лакиќ рекла дека непознат маж ѝ пришол близу влезот на зградата каде што живее и ја застрелал во нога. Таа забележала и двајца други мажи кои бегале од местото на настанот.

Оливера Лакиќ е најчесто напаѓан новинар во Црна Гора. Во март 2012 година таа беше претепана пред влезот на нејзиниот дом, а една година пред тоа доби две закани за серија на написи кои разоткриваат наводно нелегално производство и шверц на цигари. Во 2014 година таа, исто така, доби закани од лица блиски до човекот кој ја нападнал во 2012 година. Властите на Црна Гора ги осудија повеќето од лицата кои ѝ се закануваа на Лакиќ, но никогаш не истражија до крај кој бил нарачател на овие закани и напади. Дополнително, Лакиќ тврди дека шверцот на цигари не е во целост истражен.

извор: Makfax