x

Рангник не сака по трет пат да го тренира Шалке

ragnik-e1588928139650

Ралф Рангник ја отфрли варијантата да го преземе Шалке 04 по трет пат. Неговото име се споменува по отказот на Давид Вагнер поради слабиот старт на новата сезона.

„Не сакам да го водам Шалке по трет пат. Посебно не како тренер кој треба во краток рок да ја запре негативната серија“, коментира Рангник за германските медиуми.

Рангник работеше во Шалке во сезоната 2004/05 и потоа во 2011 година. Тој од неодамна е слободен откако го напушти спортскиот оддел на Ред Бул.

Откако Рангник откажа, друг тренер кој се споменува како предводник на Шалке е Мануел Баум кој е поранешен стратег на Аугзбург и во моментов е тренер на репрезентацијата на Германија до 20 години.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата