x

Рангник може да стане тренер и спортски директор на Милан?

Германски „Билд“ ги потврди информациите дека Милан сака да го ангажира германскиот стратег Ралф Рангник за нов тренер и истовремено да биде спортски директор во клубот. Поранешниот стратег на Штутгарт, Шалке и РБ Лајпциг е многу ценет во Германија поради способноста на креирање на трансферни стратегии, организирање на тренинзи, темпирање на формата на фудбалерите па дури и креирање на нутрицистичка диета за секој фудбалер.

Тоа значи дека Милан не е задоволен од работата на Звонимир Бобан и Паоло Малдини, па бара способни луѓе кои ќе го придвижат клубот нанапред, а во сегашната ситуација клубот стагнира.

Ранник моментално е спортски директор и директор за фудбалски развој за Ред Бул организацијата која ги поседува РБ Лајпциг и австриски РБ Салцбург.

Инаку, доколку прифати Рангник би можел да почне да работи во јуни идната година. А ако даде согласност тогаш уште во јануари ќе може да почне со идентификување на позициите на екипата на кои треба да се направи реконструкција.

Сепак, сето ова не е официјализирано, а Рангник ќе го каже последниот збор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата