Албанскиот премиер Еди Рама утрово, откако оствари вонредна средба со Советот на министри во Тирана, им нареди на министрите за образование и здравство и социјална заштита, Беси Шахини и Огерта Мнастирјиу да ги повикаат и да ги вратат луѓето коишто поради последиците од разорниот земјотрес се засолнија во Косово.

Рама рече дека целокупната состојба во областите погодени од земјотресот е добра и се движи кон подобрување, пренесува РТК.
         
„Во хотелите се сместени 4.000 лица, 254 се во теретани, 6.323 се под шатори, 395 се во здравствени центри и 783 се во Косово.Беса и Огерта ќе ги посетат нашите луѓе во камп во Косово и ќе им понудат да се вратат, за нив е обезбедено хотелско сместување“,рече Рама.
        
Тој додаде дека уште 436 лица биле пријавени во разни засолништа и дека вкупниот број е 12.366.

извор: Makfax