Најголемите негативни работи за Бошњаците и воопшто муслиманите се направени од страна на власта предводена од левичарските партии во Македонија говореше своевремено  Зеќир Рамчиловиќ кој на претходните избори стана пратеник како дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на овие избори се најде на листата на СДСМ на 10 место во Изборната единица 3.

Рамчиловиќ соработката со СДСМ ја започна откако гласаше за уставните измени за промена на името на Република Македонија и беше дел од т.н. осумка независни, а потоа ги напушти и нив и беше награден со потпретседателското место во Собранието. Лојалноста кон Заев и СДСМ на Рамчиловиќ не изостана и при гласањето за законот за јавно обвинителство, па затоа и не е зачудувачки што сега се најде на пратеничка листа на СДСМ.

Воедно во овој период стигна и уште една награда, кога медиумите објавија дека неговата сопруга е вработена во Министерството за внатрешни работа, т.е. во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница.

Но, да се потсетиме каков став имаше Рамчиловиќ за СДСМ и Зоран Заев и какви ставови тој сега застапува.  Имено тој во интервју за порталот „TE SHESHI“ од Албанија, во декември 2016, насловено како „Зошто сум во „десница“, а не во „левицата“ на Заев“ изјави дека најголемите негативни работи за Бошњаците се направени од левицата, а не им ја заборави и територијалната поделба кога беше укината единствената општина Житоше која веќе имаше над 20% Бошњаци.

Исто така, најчесто подржувачите на СДСМ прибираат поени, ословувајќи ја ВМРО ДПМНЕ како национална, дури и полошо националистичка партија и сл. За што може да се дискутира, но тие упорно го сокриваат фактот дека најголемите негативни работи за Бошњаците и воопшто муслиманите се направени од страна на власта предводена од левичарските партии во Македонија. Дури и во регионот, како што е токму геноцидот врз Бошњаците во Босна и Херцеговина, па дури власта предводена од СДСМ го кршеше ембаргото врз Србија, со што индиректно ја помагаше агресијата врз Босна и Херцеговина. СДСМ исто така во 2004 год. направи територијална организација со која директно е одговорна за укинување на единствената општина Житоше која веќе имаше над 20% Бошњаци и не формираше друга таква иако имаше можности, а направи и прекројување на граници на други општини, а на штета на Бошњаците.“ изјави тогаш Рамчиловиќ.

Тој во интервјуто вели дека во ВМРО-ДПМНЕ, Боњаците во Македонија добиле партнер кој ги направил сите позитивни работи за нив, како изучување на јазикот во училиштата, формирање на паралелка,  телевизиска и радио програма, но и инфраструктурни проекти.

Рамчиловиќ на прес конференции зборуваше дека образованието не преставува приоритет на Владата предводена од СДСМ и дека СДСМ постојано крати средства од буџетот и им прави штета на студентите, професорите и на образованието во целина

За потсетување Рамчиловиќ како претседател на Здружение за обединување на Бошњаците потпиша меморандум за соработка со ВМРО-ДПМНЕ кога изјави дека работите одат во правилна насока.