x

Рамос го издржа последниот тренинг

00869064

Серхио Рамос ногу веројатно дека ќе се најде во стартните единаесет на утрешниот Ел Класико дуел против тимот на Барселона.

Главниот дефанзивец на Реал Мадрид го одработи во целост последниот тренинг и со тоа стави до знаење дека ќе биде подготвен да настапи утре.

Ова е исклучително важен момент за Мадриѓаните, кои мака мачат со дефанзивата, а дуелот со Барселона е нешто повеќе од натпревар за нив. Затоа, потребен е Рамос кој има десетици и десетици вакви мечеви во кариерата.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата