x

Рамос бараше двегодишен договор и на крајот го доби

00876081

Серхио Рамос е столб на одбраната на Реал Мадрид од 2005 година и има освоени преку 20 трофеји со славниот клуб. Има со што да се пофали ветеранот, кој периодово водеше вистинска битка со челниците на „Кралевите“ околу неговата нова соработа, односно нов договор.

Рамос со неговите 34. години во моментов, инстистираше да потпише двегодишен нов договор, додека пак управата нудеше само една година. Тоа на Рамос никако не му се допадна и на раб беше и јавно да објави дека преговара со други клубови. Понудите пристигнаа пред се од Англија и Италија, а нормално ниту оние „нафтени“ милиони од блискиот Исток не треба да се заборават.

Сепак, на крајот, управата на Реал Мадрид што се вели „легна на брашно“ и прифати на Рамос да му понуди нов двегодишен договор, што наскоро ќе биде потпишан.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата