Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за АБЦ Нјуз истакна дека во деновите што следуваат се очекува да бидат заразени 60-70 посто од населението со новиот коронавирус Ковид-19. Инаку, бројот на заразени со коронавирус се искачи на 104 лица, а тестирани се вкупно 856.

Најмногу заболени има во Тирана и тоа 68 лица, Фиер 12, Драч 7, Валона 4, Каваја 3, Корча 3, Елбасан 2, Лушња 2, Рогожина 2 и едно лице заразено со новиот коронавирус е од Скадар.

Рама, меѓудругото во интервјуто додаде дека борбата со коронавирусот е потешка од онаа борба со трагичниот земјотрес кој есента ја погоде Албанија, кога животот го загубија голем број на луѓе.