„Страните начелно се согласиле со пакетот мерки. Останува уште една точка по која двајцата лидери не постигнале договор. Станува збор за датумот на парламентарните избори, превидени за 18 јуни, кој треба да се помести за одреден период, пишува порталот Албеу.

Социјалистичкиот лидер и актуелен премиер Рама побарал изборите да се одложат и да се одржат на 23 јули, како најсоодветен датум, во согласност со Уставот.

Наспроти него, опозицискиот лидер Баша, категорно бара изборите да се одржат не побрзо од септември. Според него, барањето доаѓа поради имплементација на електронското гласање и пребројување, како и биометиската идентифкација на гласачите на избирачките места.

Нивната средба следуваше по престојот во Тирана на амерканскиот заменик помошник државен секетар Хојт Брајан Ји и повикот до опозицијата да го прекине бојкотот и да учествува на парламентарните избори.