Албанскиот премиер, Еди Рама објави дека се сретнал со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, во неговата летна резиденција во Мармарис.

 

Me Presidentin e Turqisë, mikun e çmuar Rexhep Taip Erdogan, në një nga bisedat gjatë qëndrimit në rezidencën e tij…

Posted by Edi Rama on Monday, September 14, 2020

„Со претседателот на Турција, драгиот пријател Реџеп Таип Ердоган, за време на престојот во неговата летна резиденција во Мармарис, разговаравме широко за односите меѓу Албанија и Турција, предизвикот за зајакнување на економијата во услови на пандемијата со Ковид – 19 , унапредувањето на билатералната соработка, како и состојбата во регионот на Западен Балкан“, напиша Рама на социјалните мрежи.

Средбата не беше претходно најавена и претходи на неговата посета на Грција каде ќе престојува утре и задутре.

Рама во Грција ќе учествува на собирот организиран од списанието „Економист“, а предвидено е и да оствари средба со грчкиот колега, Киријакос Мицотакис.

извор: Makfax