x

Рамадан VS Нухиу: Дербито на Косово меѓу некогашните пријатели, без победник!

fotojet-33

Попладнево се одигра големото дерби на Косово меѓу Приштина и Дрита Гњилане, кое заврши со резултат 1:1.Некој ќе рече ништо необично, но само на прв поглед. Имено тренери на двете екипи се нашите стратези Зекирија Рамадан и Ардијан Нухиу, играчките легенди на Шкупи. Зеко ја имаше победата в џеб се до 84.минута кога тимот на Ардијан успеа да израмни, и тоа од пенал, на 1:1 и да остане непоразена. Зеко и Ардијан сега се лути ривали, некогаш беа големи пријатели. Пријателство кое почна да бледнее по настаните во чаирскиот клуб пред две години кога Зеко дојде на клупата на Шкупи на која дотогаш беше Ардијан Нухиу.

Интересно е тоа што и двајцата се шампионски тренери во Косово со своите екипи. Прво тоа го направи Рамадан со тимот на Фероникели пред две години, а лани тоа го стори и Нухиу со Дрита Гњилане.

На овој денешен меч за гостите од Гњилане настапи и Владица Брдаровски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата