Се подраматична станува загаденоста во Македонија. Граѓаните доставуваат фотографии од загадувачите и „го мерат” квалитетот на воздухот на разни локации од градот, со цел надлежните да преземат нешто..

Утрово високи концентрации на ПМ 10 честички во воздухот се регистрирано во скопските мерни места Карпош (168), Ректорат (209), Центар (174), Миладиновци (186), Бутел (119), Битола1 (107), Битола2 (167), Тетово (149), Каварадци (79) и Куманово (106), Ѓорче Петров (159)

Струмица (150), Гостивар (75), Кичево (185), Драчево (109), Сопиште (118), Бисер (129), Аеродром (129), 11 – Октомври (125), Илинден (114), Бардовци (134), Козле (108), Градски парк Скопје – Фонтана (130), Излет – Скопје (159) и Водно (135) милиграми на еден кубен метар.

Дозволената граница на ПМ10 честичките изнесува 50 микрограми на метар кубен.